Активности и галерија

Активности и галерија

Документи

Додатна и дополнителна настава - април

Додатна и дополнителна настава - март

Завршна сметка 2023

Додатна и дополнителна настава - февруари

Додатна и дополнителна настава - јануари

Додатна и дополнителна настава - декември

План за јавни набавки 2024

Годишна програма 23-24     Дел 1    Дел2    Дел 3     Дел 4

Додатна и дополнителна настава - ноември

Додатна и дополнителна настава - октомври и приемни термини

Дополнителна настава - септември

Јавен повик

Извештај - информации од јавен карактер

Годишна програма 2022 Дел 1 Дел 2 Прилози

Самоевалуација 2022 Подрачје 1 Подрачје 2 Подрачје 3 Подрачје 4 и 5 Подрачје 6 и 7 Прилози

Извешај за самоевалуација

Завршна сметка 2021

Годишен извештај за слободен пристап до информации

Податоци за одговорно лице за информации од јавен карактер

План за спречување на корупција

План за јавни набавки 2021

План за јавни набавки 2020

План за јавни набавки 2019

Завршна сметка 2020

Завршна сметка 2018

Завршна сметка 2017

Завршна сметка 2016

 

Интегрирање со систем за јавни набавки

Планирани набавкиПланирани набавки

 

Галерија

 

Активности

 

 

 

 

Етвининг проект „Еко Божиќни честитки"

silvi1-V


Етвининг проектот „Еко Божиќни честитки“ беше лансиран од страна на ОУ“Кнежеви Виногради„- Хрватска како основач и ООУ„Гоце Делчев„-Илинден како ко-основач со цел да се промовираат одржливи практики и стари обичаи на испраќање божиќни честитки, но со еколошки пристап. Фокусот на проектот беше на изработка на рециклирани честитки од еко материјали.

 

Во проектот учествувавме 6 наставнички од нашето училиште:

 

1.Силви Малиновска- коосновач

 

2.Ивана Велиновска- Боцеска

 

3.Анита Серафимовска

 

4.Данче Нацевска

 

5.Марија Спасовска

 

6.Вероника Ѓорѓиевска

 

Целите на проектот беа:

 

Да се ​​подигне свеста за важноста од заштита на животната средина и намалување на отпадот за време на божиќните празници.

 

Поттикнување на креативноста и личен пристап за правење новогодишни честитки од еко материјали.

 

Организиравме работилници, на кои учениците научија да изработуваат еко честитки.

 

Учениците со картичките кои ги изработија покажаа високо ниво на креативност и иновативност. Партнерствата им овозможија на учесниците во проектот да се запознаат и да ги шират обичаите на другите култури.

 

Активно ги користевме социјалните медиуми за споделување на процесот на правење, совети и фотографии од еко честитки, охрабрувајќи ги другите наставници да се приклучат на проектот.

 

Написите и приказните за проектот ја подигнаа свеста за важноста на еколошките иницијативи за време на празничната сезона. Проектот „Еко честитки за Божиќ“ ги постигна своите цели за поттикнување на еколошките практики за време на божиќниот период

 

 silvi-V

 

eTwininng проектот Friendly Steps for NATURE

 
  
slika1

Наставничките Вероника Ѓорѓиевска, Данче Нацевска и Марија Спасовска заедно со учениците од шесто одделение учествуваа во eTwininng проектот Friendly Steps for NATURE.

Проектот содржеше иновативни активности посветени на заштитата на животната средина.

Со работата на овој проект учениците допринесоа да се подигне свеста за заштитата природата и ресурсите,заштеда на енергија,намалување на количината на отпад, со цел стекнување на еколошки навики и ефикасно користење на природните ресурси.

slika3a

slika2a

Мост на пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, Хрватска

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Општина Илинден и Основното училиште „Анте Старчевиќ“ од Решетари, Хрватска, потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка, во рамките на реализацијата на меѓународниот проект Мост на пријателство: Илинден-Решетари.

Во присуство на амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага, како и директорите на двете училишта.

Основна цел на овој проект е размена на разбирање и почитување на различните култури, на културното наследство на местото, на родниот крај, на татковината како што се: фолклор, музика, традиција и обичаи, потоа запознавање со другите oбразовни системи, поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците, како и размена на европска соработка во областа на образованието.

Потпишувањето на спогодбата и соработката во областа на образованието е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Општина Илинден и Општина Решетари во повеќе области, по потпишувањето на Спогодбата за меѓусебна соработка и пријателство меѓу двете општини во 2012 година.

Со неа е предвидено преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.

 

sl1 sl2 sl3

Контакт

+389 (02) 2573 347

 

Адреса

 Општина Илинден
1000, Скопје, Македонија

logo1